Мои Доктори

Политика на Приватност

Вашата приватност е важна. Политиката на Мои Доктори е да се почитува вашата приватност во однос на сите информации кои можеме да ги собереме од вас преку нашата веб-страница, https://moidoktori.mk.

Бараме лични информации кога ни се потребни за да ви обезбедиме услуга. Сите овие податоци ги собираме фер и законски, со ваша согласност. Исто така, ве информираме зошто го собираме и како ќе се користaт. Личните подтоците се податоците кои директно ни ги испраќате како името на докторот, вашето име, вашата мејл адреса, и вашиот телефонски број. Вашиот телефонски број не се користи во моментот, но сакаме во иднина да нудиме СМС нотификации така што нашата услуга би била покорисна за корисниците. При испраќање на овие податоци, ги шифрираме користејќи SSL технологија при што податоците се заштитени од трети страни.

Собираме и колачиња пратени од вашиот интернет пребарувач за целите на мерење посетеност на страната (Google Analytics) и фејзбук маркетинг (Facebook Pixel). Податоците превземени преку колачињата не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња не е неопходно за работа на веб страницата, и доколку сакате овие колачиња можете да ги избришете или блокирате.

Податоците кои ги чуваме ги штитиме со сите расположливи средства за да спречиме загуба или кражба, како и неовластен пристап, откривање, копирање, употреба или модификација. Не споделуваме лични информации кои можат да ги идентификуваат корисниците на Мои Доктори со трети страни, освен кога тоа е потребно со закон.

Нашата веб-страница може да се поврзе со надворешни страници кои не се управувани од нас. Ве молиме да имате предвид дека немаме контрола врз содржината и практиките на овие сајтови, и не можеме да прифатиме одговорност за нивните политики за приватност.

Слободно можете да го одбиете нашето барање за вашите лични податоци, со разбирање дека нема да можеме да ви ги обезбедиме нашите услуги. Вашето користење на нашата веб-страница ќе се смета за прифаќање на нашите фер практики околу приватноста и личните информации. Ако имате какви било какви прашања за тоа како ние ги обработуваме корисничките податоци, слободно контактирајте со нас на [email protected].

Оваа политика е во сила од 19 март 2019 година.