Мои Доктори

Услови на Користење

Условите за користење се легален договор помеѓу вас, корисникот, и Мои Доктори. Со користење на услугите на Мои Доктори укажувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле условите за користење и политиката на приватност на Мои Доктори. Ве молиме контактирајте не на [email protected] ако имате прашања.

На своите корисници Мои Доктори нуди мејл нотификации за нови термини. Се залагаме да ја понудиме најквалитетната услуга што можеме, но зависиме од трети страни за податоци како и испорака на мејлови. Со тоа, точноста на новите термини како и испораката на мејлови неможе да се гарантира од Мои Доктори. Мои Доктори не превзема правна одговорност за било какви последици од неточни или неиспратени мејлови.

Мои Доктори користи енкрипција и прави големи напори за заштитата на податоци добиени од корисниците. Детални информации за како се собираат и користат вашите податоци можат да се најдат во политиката на приватност на Мои Доктори.

“Мои Доктори”, moidoktori.mk и moidoktori.com се интелектуална сопственост на Мои Доктори и секаква имитација со цел да се измамат корисниците сторго се забранува. Репродукции на логото и брендот различни од оригиналот (други бои, погрешен правопис) се забрануваат.